Press "Enter" to skip to content

Основците од Битола ќе пишуваат за конкурсот на тема “Чист воздух за сите“

По повод одбележувањето на месецот на екологијата, Националната универзитска бибклиотека  “Св. Климент Охридски“, во соработка со основното училиште “Св. Климент Охридски“ распишаа литературен конкурс за лични поетски творби и средба на оратори, на тема: „Чист воздух за сите“.

Според условите на конкурсот кој е објавен право на учество имаат сите основни училишта од Битола, а покрај литературниот конкурс ќе се одржи и ораторска вечер.

За литературниот конкурс, учество со најмногу три поетски творби, односно тројца учесници од четврто до деветто одделение, по избор на соодветна комисија при основното училиште.

За ораторската средба, која исто така е на тема „Чист воздух за сите“, учество можат да пријават сите основни училишта од Битола со по еден учесник од шесто до деветто одделение.

Текстовите можат да бидат по сопствен избор и во обем најмногу до 350 зборови.

Пријавување на учесниците со личните поетски творби и текстовите за ораторство може да се изврши најдоцна до 05.03.2018 година на адреса: НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, ул. „Пеце Матичевски“ бр.39, 7000 Битола, (со назнака за учество на конкурсот „Чист воздух за сите“).

More from КултураMore posts in Култура »