Пелистер Волеј – Македонија Макс 3:0 (25:03, 25:11, 25:10)
Синоќа во спортската сала на средното медицинско училиште “Д-р Јован Калаузи“ одбојкарките на Пелистер Волеј ја отворија полусезоната со натпреварот од четвртфиналето од Купот на Македонија, а противник им беше екипата на Македонија Макс.
-Како што се очекуваше, лесен натпревар во кој победата беше само прашање на време, бидејќи ние сме поквалитетна екипа од гостите и бевме фаворити во четврт финалето од Купот, а со тоа остваривме и пласман во завршницата од Купот, велат од Пелистер Волеј.
Со оваа лесна и очекувана екипата на Пелистер Волеј и официјално е во 1/4 Финале во купот на Македонија, совладувајќи ја екипата на Македонија Макс со максимални 3:0, по сетови (25:03, 25:11, 25:10) за само 49 минути игра.
Сепак, вистинската битка допрва започнува. Во исчекување на противникот кој ќе биди далелу поатрактивен за претстојното четвртфинале, кое пак ќе се одигра во два натпревари, од кои првиот во Битола веќе на 28.02 во Среда, Пелистер има само два дена за финални подготовки пред супер дуелот против моќната екипа на Планет од Скопје.
Овај натпревар е во рамките на првото пролетно коло, односно 10-то по ред од официјалниот дел од сезоната.






