Во текот на денешниот ден екипи на јавното комунално претријатие “Нискоградба“ од Битола беа излезени на терен на Широк Сокак, каде го креваа снегот и ја исчистија најградската улица, за безбедно движење на пешаците.
Два трактори, мал багер “боб кет“, и десетина работници за неколку часа го натоварија снегот и го истоварија во коритото на реката Драгор.
Оваа акција на вработените на “Нискоградба“ наиде на одобрување на сите кои денес се најдоа на Широк Сокак без разлика дали беа излезени на редовното пладневно кафе или пак се движеа по некоја работа.
Се чистеше снегот на Широк Сокак од плоштадот “Магнолија“ до Офицерски, а битолчани кои беа излезени, рекоа дека треба со оваа акција треба да се продолжи до Тумбекафе, односно до крајот на пешачката патека од Саатот до Зоолошка.
С.Ристевски






