Press "Enter" to skip to content

Битолчани на крклинска вечер во Торонто во чест на празникот Тодорова Сабота (фото)

Друштвото “Крклино“ од истоименото село близу Битола важи за едно од најорганизираните во македонската заедница во Канада, барем кога станува збор за прославата на нивниот свет ден и селска слава, Тодорова Сабота.

Иако бројот на Крклинци во Торонто не е голем, славата се памти како една од најголемите во битолската околија, а таа традиција ја пренеле и на овој континент.На 28 февруари годинава во црквата “Св. Климент Охридски“ беше одржана прославата на Тодорова Сабота на која кумуваа Миле и Соња Митковски. Со чинот чествуваа Прота-ставрофор Трајко Босеовски и Отец Горан Ристевски, а догодина кумови ќе бидат Диме и Мери Малаковски.

Диме Малаковски кој воедно е и претседател на друштвото, им се обрати на присутните посакувајќи им убава и весела вечер, а на крајот на оваа Крклинска вечер задоволно истакна дека е радосен што од година во година бројот на младите кои присуствуваат на истата е се поголем. Со тоа нашата мисија е исполнета, рече Малаковски.Со оглед на велигденските пости, на прославата се служеше посна македонска храна подготвена од вештите раце на позната македонска готвачка Марија Ангелевска и нејзините помошнички.

На традиционалната Крклинска вечер гостите ги забавуваше музиката на Соња и Оливер Бенд, а си заминаа задоволни и од добиените награди во богатата лотарија.Со своја изведба се претстави и познатата крклинка, активистка во црквата “Св. Недела“ во Ејџекс, Паца Стјуарт.

Извор: весник “Македонија“ од Торонто, Канада.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.