Пратеникот во Собранието на Република Македонија, воедно и генерален секретар на СДСМ Александар Кирацовски денес беше во посета Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола и учествуваше на трибина на тема „Правниот факултет меѓу традицијата и современите предизвици“.
Кирацовски денес ја промовира идејата за промена на седиштето од Кичево во Битола и најави дека во македонскиот Парламент ќе поднесе предлог-закон со кој ќе се овозможи промена на седиштето и развој на Правниот факултет во Битола.
– Правниот факултет во Битола претставува дисперзирана испостава на Правниот факултет со седиште во Кичево, каде што токму во седиштето имаме негативен тренд на запишување студенти. Од друга страна фактите и аргументите покажуваат позитивен тренд на запишување на студенти и квалитет во Битола. Исто така имаме и голем број институции, Основен и Апелационен суд, Основно и Вишо јавно обвинителство, 146 регистрирани адвокати и адвокатски друштва, седум извршители и 13 нотари. Аргументите дека голем голем број институции, приватни комапнии, невладини организации се имаат седиште во Битола, налагаат промена на седиштето на овој факултет, наместо во Кичево да биде во Битола со што ќе се зголеми атрактивноста од една страна, од друга страна преку низа други мерки и активности ќе се обезбеди долготрајност и одржливост на истиот, додаде, пратеникот Александар Кирацовски.
Инаку, според зборовите на проф. д-р Горан Илиќ, декан на Правниот факултет оваа трибина е организирана за да се апострофира значењето на Правниот факултет во рамккте на УКЛО.
-Правниот факултет има огромно општествено значење, заради кадровскиот потенцијал и образовните перспективи. Ние сме во процес на сондажа, соочени сме со одредени недостатоци кои ни претставуваат пречка во понатамошниот развој. Земајќи го предвид потенцијалот со кој располага самиот факултет, неговото лоцирање во Битола како регионален центар, секако како центар кој заслужува и му следува да има Правен факултет, изјави проф. д-р Горан Илиќ.
На трибината присуствуваа претатвници од Основниот и Апелациониот суд во Битола, Основното и Вишото Јавно Обвинителство во Битола, канцеларијата на Народниот правобранител и Државниот правобранител на РМ и адвокати од Битола.






