Press "Enter" to skip to content

“Пелистерки“ не ја искористија предноста од три гола, следуваше несреќен пораз

Пелистер – Металург 23:27 (13:13)

Ракометарките на ЖРК Пелистер го забележаа вториот пораз по ред во пролетниот дел од Супер лигата, овој пат на домашен терен се поразени од екипата на Металург во спортската сала “Младост“ во Битола. 

Причина за поразот, исто како и во Куманово е неискуството на младата екипа, грешните во нападот, но и грешките на судискиот пар во клучните моменти од напреварот, во средината на второто полувреме, кога Пелистер имаше резултатска преднот од 3 гола, 17:14.

Инаку, првото полувреме помина во изедначена игра, на моменти Пелистер имаше гол разлика, па гостите гол разлика, а голем дел резултатот беше израмнет, а на полувреме се замина со резултат 13:13.

Почетокот на второто полувреме беше во знак на домашните ракометарки кои направија разлика од еден, па два гола, а по 15 минути стигнаа до 3 гола разлика во 45 минута. Во тие моменти имаше неколку грешки на судискиот пар, а по нив младите ракометарки не успеаја да продолжат со истото темпо. Од 55 минута до крајот домашните ракометарки постигна само еден гол, а гостинките ја искористија слабоста на “пелистерки“ и дојдоа до, сепак, заслужена победа од четири гола, 27:23.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.