Press "Enter" to skip to content

Интервју: Рахела Шели Друмер Леви – достојно го шири хуманизмот кој го наследила од својот дедо, лекарот Хаим Абраванел

Разговорот го водеше: Жанета Ристевска

Низ многуте обврски  нашата соговорничка одвои време за нашиот разговор. Сабота вечер. “Светол ден“ како што ни кажаа сите кои присуствуваа на   вечерната миса која ја одржаа во хотел “Епинал“. Го започнавме нашиот разговор. Видно возбудена после одржаната миса на која се пееја религиозни песни таа ни кажува:

-Еве се подготвуваме за утрешниот голем настан “Маршот на живите“ кој за нашата Еврејска заедница има големо значење. Во душата ми се измешани многу чувсства како и на сите околу мене, овде меѓу нас има потомци на Евреите кои го поминале тој тежок и   последен “од“ по улицата до монополот  и од таму до логорот на смртта Треблинка… Низ разговорот не прекинуваат и сите постојано и ја прашуваат за следните активности и презентации на сите  таа љубезно им одговара и се враќа на разговорот. Веднаш забележуваме со колкава почит и се обраќаат на оваа прекрасна, продуховена жена која е голем активист во Еврејската заедница. Ме обземаат и мене некои посебни чувства на сета и соживување со сите овие луѓе кои пеат религиозни песни низ кои се сеќаваат и  ги слават своите предци – жртви на прогонот.

Вие сте голем активист во Еврејската заедница и учествувавте во сите досегашни комеморативни настани кои се организирани до сега,  сега се случува овој  голем настан обележувањето на  75 години од прогонот на Евреите  со т.н. “Маршот на живите“. Кажете ни повеќе  за  Еврејската заедница и нејзините активности кои Вие ги организирате?-Еврејската заедница постои повеќе од 1.000 години. Имено од Еврејската Шпанска заедница уште во 1492 година семејствата се раселени и некои се дојдени тука во Битола Македонија. Заради тоа таа има голема традиција со свои длабоки религиозни обележја кои се зачувани и се почитуваат и до денес. За нас сабота е светол ден кој е исполнет со пост, молитви и религиозни песни. Но, денешната сабота пред утрешниот ден на маршот – 11 март 2018 година сигурно има посебно значење. Еве овде за овој голем ден сме собрани повеќе генерации од различни држави како Израел, Германија… на едно место за овој меморијален марш исполнет со спомени. Многу од нив се потомци на оние кои за последен пат го поминале овој пат  и заминале во  логороти на смртта. Овие средби се тешки, исполнети со многи испомешани чувства на тага, сета но и некоја позитивна енергија исполнета со оптимизма. На вакви средби се зацврстуваат врските, пријателствата.  Некои се враќаата на “огништата“ на своте предци. Така едно семејство ја пронајде и куќата на своите предци и се разбира сакаат да ја купат. Сигурно можеме да претпоставиме каква вредност има таа за нив- бесценета.

Вие сте горда  внука на големиот лекар Хаим Абраванел кој и како човек и како лекар беше познат хуманист кој несебично им помагал на луѓети и ги лекувал. Има спомени и во нашето семејство каде прадедото Ристе Огненовски му бил голем пријател и  имал голема доверба односно му веувал само нему како на лекар. Имено му  бил личен лекар. А сигурни сме дека има и многу други вакви случаи во Битола  кои се пренесуваат од колено на колено. Еве нашиот Здравствен дом заслужено  ќе го носи неговото име. Како се чувствувате Вие за тоа и кажете како го паметите вашиот дедо.

Јас растев со мојот дедо кој со својата сопруга, мојата баба, Берта Абраванел живееја на улицата “Рузвелтова“ 10 во Битола. Тој беше многу добар лекар кој им помагаше несебично  на сите. Во 1958 година го основал и раководел  во  Здравствениот дом во Битола.  Мојот татко беше лекар исто така, Салваторе  Леви (син на Арон и Рахел Леви). Мојата мајка е ќерка на Хаим Абраванел  и  Реина Абраванел Леви. Но, јас ги изгубив уште како мала на 7 годишна возраст во трагедија кога загинаа за време на земјотресот во Скопје 1963 година. Имено, јас таа година летото бев на одмор кај мојот дедо  Хаим и баба Берта заради што и ја преживеав семејната трагедија. Потоа заминавме за Израел и живеевме во кибуц, Шара Мек Кинкаде растев  со нив. Тие ме воспитуваа и насочија кон правилни и вистински вредности на хуманизам кој и јас како нивен потомок ги достоинствено ги ширам.

Сигурно е дека гените си го прават своето, кажете ни која е вашата професија, покрај активизмот во Еврејската заедница.-Да, како што рековте гените се гени и јас сум во медицински науки но непосредно. По професија сум биостатистичар, односно се занимавам со статистичка обработка на истражувања од областа на биологија, медицина и фармакологија. Работам како секретар во ректоратот при Универзитетот “Бар Илан“ кој се наоѓа близу Тел Авив. Ја наследив и  хумана природа на мојот дедо, да се биде човек во вистинска смисла н зборот горд на своите  предци кои издржале и поминале невидена голгота и погром оставајќи многу семејства и деца без дом. Јас денес сум активист за мир во светот, да се шират  идеи на хуманизм и пријателство меѓу народите од сите страни на светот. Еве во овие неколку денови на различни активности  многу луѓе од различни земји шират вистински идеи до сите лидери во светот “Да не се повтори повторно“. Пораки за  мир и равноправност меѓу народите во целиот свет.

Како активист и хуманист ширите силни пораки за мир, хуманизам и пријателство, но сето тоа и придружени со презентации и активности како активист во еврејската заедница. Кажете ни повеќе за активностите кои ги имавте овие денови во нашиот град, но и кои се вашите планови за во иднина. -Овие денови имаше голем број активности. Тука гордо би ги споменала семинарот кој за првпат е организиран од ротари клубовите на Македонија и Израел. Тој семинар траеше 3 дена и како што напоменав  прва заедничка активност на Ротари клубовите од двете држави. Имено, 10 млади луѓе од Македонија и Израел учат за Ротаријанската мисија за мир и соживот во контекст на проектот за ревитализација на Еврејското минато во Битола. Потоа би ги споменала идните планови и активности за уредување на “Меморијалниот парк на живите на Еврејските гробишта“ во Битола на кои ќе се ангажирам целосно. Би изразила голема благодарност до општина Битола и градоначалничката Наташа Петровска за соработката. И благодарност на здружението АРХАМ од Битола кој е носител на проектот за ревитализација на Еврејското минато. Тие не подржаа и за организирањето на меморијалниот марш по повод 75 години од прогонот на Евреите. Многу сум возбудена за утрешниот ден кој сигурно ќе биде запаметен и ќе остане како спомен кај сите кои ќе учествуваат.За цело време нашата соговорничка зборува со возбуда и трепет во нејзиниот глас. Целата атмосфера се пренесува и на нас.  Разочарани сме кога мораше да замине заради обврските кои ја чекаа. Имаше уште многу да ни кажува… Но, сепак знаеме  дека ќе има и други настани за кои ќе разговараме со оваа извонредна жена која е достоен наследник на својот дедо  лекарот, Хаим Абраванел голем човек, лекар и хуманист. Кој сигурно е  горд на својата внука Рахела – Шели Леви која и го шири хуманизмот на кој и самиот ја воспитувал.

Фото: Сашо Ристевски

More from ИнтервјуMore posts in Интервју »