Press "Enter" to skip to content

Виктор Киранов, уште еден битолчанец со “А“ тренерска лиценца од УЕФА

Деновиве во тек е одржувањето на практичниот дел, односно полагањето за “А“ фудбалска лиценца, според критериумите на УЕФА. Битолчанецот Виктор Киранов, кој наученото до сега го презентираше пред комисијата меѓу првите, веќе е фудбалски тренер со положена “А“ лиценца. Завршните полагања се одржуваат во Дојран, каде и се одржуваа и предавањата во изминатиот период.

-Со ова е завршен практичниот дел или завршен третиот модул, односно полагање. Се што беше опфатено со програмата се одвиваше во три модули, наместо како во претхониот период во два. Трите модули беа во траење од по седум дена. Се работеше секој два пати на ден на терен и два пати теорија. Свои предавања покрај професори и тренери имаа и селектори на Македонија од разни категории, ни предаваше дел од наставата и актуелниот селектор на “А“ селекцијата, а беа вклучени и претставници на УЕФА и на Хрватскиот фудбалски сојуз, ни рече Виктор Киранов за начинот на одржување на предавањата и полагањето во Дојран.За тоа како понатаму ќе се одвива неговата тренерска кариера со “А“ лиценца тој додава:

-Прво сакам да кажам дека сум задоволен од тоа како поминаа трите модули и моето лично постигнување. За тоа како понатаму, со новата фудбалска титула, се гледам во добро организиран и амбициозен фудбалски клуб во кој би имал целосно слобода и поддршка во работењето. Самата “А“ лиценца е сериозно навлегување во суштината на фудбалската игра и нејзина анализа во детали. Ова исто така е претпоследната скала до самиот тренерски врз во фудбалот, “ПРО“ лиценца на УЕФА, задача која сам си имам поставено, а која се надевам дека како и претходнитедве успешно ќе ја завршам.

Инаку Виктор Киранов битолчани во фудбалот имаа прилика да го запознаат како сопственик и тренер на женскиот фудбалски клуб Конзули, каде во тој период беше во врвот на лигата, играше и финале од Купот, а од неговиот клуб излегоа неколку репрезентативки. Киранов изминатиот период работеше и во младинскиот погон на Пелистер, каде со младинци и кадети стигна до полуфинале од кипот.

Да потсетиме дека со “А“ лиценца тренер може да работи, и е задолжителна, за фудбалски тренер во Втора фудбалска лига и помошник во Прва фудбалска лига.

С.Р.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.