Press "Enter" to skip to content

Одбојкарките на Пелистер Волеј во гости го победија освојувачот на двојната круна Куманово

Куманово – Пелистер Волеј 1:3 (22:25; 27:25; 21:25; 10:25)

Одбојкарките на Пелистер Волеј продолжуваат со пријатните изненадувања и со победите, а овој пат од тешкото гостување во Куманово се враќаат со вредна победа извојувана против ланскиот освојувач на двојната титула, екипата на Куманово. Во овој натпревар  малку недостасуваше за сензација, Пелистер Волеј да дојди до “златен сет“.

-Одигравме безгрешна игра во која девојките се покажаа во право светло, посветено, одговорно и трпеливо, каде во целиот натпревар ја имаа играта на своја страна. Во првиот сет Пелистер цело време имаше предност, противникот се доближуваше, но нашата екипа покажа зрелост и го доби со 25:22. Во вториот сет Пелистер отвори со 3:0 па пресврт од 7:3 за Куманово, а до крајот се менуваше водството и Пелистер прокоцка префрлена топка на 23:23, но сепак прв дојде до сет топка 25:24. Помалку несреќно, но не реализиравме за 2:0 во сетови. Во третиот сет повторно нашите девојки покажаа одлична игра и сетот беше во корист на Пелистер, 25:21. Во четвртиот сет покажавме огромна надмоќност и со 25:10 победата беше осигурана, ни рече Роберт Митковски.

Оваа победа против минатогодишниот севкупен шампион од 3:1 за Пелистер Волеј е од огромно значење, а се покажа дека можи и мора да победува многу почесто.

Пелистер Волеј во 13  коло игра птотив екипата на Студент од Штип.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.