Press "Enter" to skip to content

Работилница за изработка на детски мартинки во Библиотеката

Обичајот на правење мартинки, односно на еден вид амајлии изработени од усукани конци (најчесто од црвена и бела боја) се поврзува со „почетокот“ на месецот март – први март по грегоријанскиот календар или 14 март според јулијанскиот календар, односно со празникот Летник, кој во народниот календар е познат под неколку имиња: Марта, Првна Марта, Баба Марта, Мартинден и сл.Во годишната програма, месецот март е именуван како месец на Мартинките -нематеријално културно добро кое во декември 2017 година беше впишано на УНЕСКО Репрезентативната листа на нематеријално културно наследство на човештвото како дел од заедничка номинација на четири земји (Романија, Молдавија, Македонија и Бугарија).

По тој повод денес беше во НУУБ „Св. Климент Охридски“ во Битола Управата за заштита на културното наследство, орган во состав на Министерството за култура на Република Македонија заедно со НУУБ „Св. Климент Охридски“ се одржа  еднодневна работилница за изработка на традиционални детски мартинки.Во работилницата беа вклучени ученици од ОУ “Даме Груев“ –Битола и наставничката Нела Неделковска.

На работилницата свое излагање имаат м-р Ивона Опетческа Татарчевска виш соработник за фолклорни добра во Одделението за нематеријално културно наследство при Управата зазаштита на културното наследство,  и г-ѓа Јануша Лазиќ ракотворка на мартинки и еден од носителите на ова заштитено добро, која учествуваше и во процесот на впишување на Мартинките во УНЕСКО. 

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.