Press "Enter" to skip to content

Битола и Македонија четири години без Петар Милошевски-голманската легенда

Веста која пред четири години го потресе секој љубител на фудбалот во Битола и цела Македонија беше неочекувана и лоша, почина голманот кој потекна од Битола, од Пелистер, голманот на Пелистер и македонската репрезентација, Петар Милошевски, во сообраќајна несреќа враќајќи се од ревијален фудбалски меч во Куманово.

Битолскиот и македонскиот фудбал остана без човекот кој сите го сакаа, го почитуваа, за кој никој нема кажано лош збор, човек закој сите зборуваа во суперлативи, кој остави голема и неизбришива трага во битолскиот и македонскиот фудбал.

Битолските љубители на фудбалот од него официјално се збогуваа на првенствениот фудбалски натпревар помеѓу екипите на Пелистер и Македонија ЃП, а тој ден беше можеби најтешкиот ден за сите кои беа под Тумбекафе, ден кога неговите најдобри другари Гаштаро и Веле, членови на навивачката група “Чкембари“, излегоа на терен во дресови подарок од Петар, со негова фотографија, а тагата завладеа на стадионот.Не само во Битола, туку во солзи за загубата беа и турски Трабзон и кипарски Енозис, клубови каде што мина најголем дел од својата кариера.

За да не биде заборавен во негова чест тренинг-центарот во комплексот куќа на фудбалот го носи неговото име, а четири години има граѓанска и спортска иницијатива стадионот „Тумбе Кафе“ да го носи името на Петар Милошевски.

Милошевски започна меѓу стативите во Пелистер, потоа во Вардар и по само една сезона, да го има во тоа време најголем трансфер во  турски Трабзонспор,  од 1998 до 2000 година. Во Турција играше и за Малатијаспор (2001-2004) и Акчабат Себатспор (2004-05), по што се пресели на Кипар – во Енозис Паралимни каде што мина седум години, од 2005 до 2012 година по што ја заврши и кариерата. 

Боите на македонскта репрезентација во црвено-жолт дрес на Македонијаго бранеше 59 пати од 1998 до 2011 година, а од 2012 година откако ја заврши кариерата стана директор на фудбалската репрезентација.

С.Р.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.