Press "Enter" to skip to content

Oдбележaни 119 години од дипломирањето на Ататурк на воената гимназија во Битола

Во националната установа Завод и Музеј во Битола во присуство на воени делегации од Турција и Македонија денес се одбележаа 119 години од дипломирањето  на Мустафа Кемал Ататурк во битолската воена гимназија. Почит на делото на таткото на модерна Турција, Ататурк, уште оддадоа претставници на генерал штабoвите на армиите на Република Македонија и Република Турција, воени кадети од Турција, амбасадорот и конзулот на Република Турција, претставници на здруженија за македонско -турско пријателство и на јавниот и политичкиот живот од градот.

На одбележувањето присуствуваше и амбасадорката на Република Турција во Република Македонија, Тулин Еркал Кара. која   во своето обраќање рече дка градот на конзулите претставува културен мозаик што ги соединува луѓето од сите страни на светот и додаде:-Наш императив е зачувувањето на стабилноста и просперитетот на Македонија,земјата која е огледалото на Балканот и од големо значење за нашата земја и со која не поврзуваат стабилни културни и историски врски.

Мото на годинешната прослава беше безвременска мисла на Ататурк „Мир во земјата, мир во светот“. Бригадниот генерал Битлислиоглу, дел од генералштабот на војската на Турција, во своето обраќање пред присутните меѓу другото рече:-Македонија е земја каде што Ататурк го завршил гимназиското образование, но Македонија е и земја од каде што потекнуваат голем број на команданти и државници што учествувале во ослободителната војна и во основањето на Република Турција, и затоа има посебно место во турското културно секојдневие.

Мухамет Рацај, рече дека неговата порака, пораката на Ататурк, потенцира дека денес е преточена во заложбите за придонес кон локалниот мир и безбедност, и на патот кон остварување на тие заложби Република Македонија цврсто чекори кон рамноправното партнерство со НАТО и како свој голем сојузник ја има Република Турција.

По завршувањето на прославата сите присутни ја посетија Спомен собата на Ататурк и се потпишаа во книгата на сеќавања.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.