Press "Enter" to skip to content

Прес на Каролина за двата престојни концерти во Битола, првиот распродаден (фото)

Денес на битолската јавност преку прес-конфернција им се обрати поп-пејачката, битолчанката Каролина, во пресрет на двата последователни концерти кои се најавени за 27 и 28 март, односно на концертнта промоција на новиот албум на Каролина со наслов „Извор“ кој е во издание на “Авалон продукција“.За престојните концерти кои ќе се одржат во Големата сала на Центарот за култура во Битола, на пресот Каролина рече дека тој е резултат на барањата на битолчани тука да има концерт, преку пораките кои ги добивала.

-Ми пишуваа пораки дали ќе имаме концерти во Битола и иако плановите беа концертот да се одржи на лето во Хераклеја, нема да чекаме, затоа што има нови планови за Хераклеја. Во Битола ќе се случи за прв пат да го слушнеме албумот „Извор“ и песните од претходните албуми  кои ги вклучивме во овој проект. Програмата трае околу два часа имаме доста музичари на бината, ние сме среќни од тоа како звучиме со текот на годините звучиме се подобро и подобро. Во преговори сме и со некои музичари од Битола кои се тука, рече Каролина.За самиот концерт Денис Илиоски од “Авалон продукција“ рече:

-Од “Авалон продукција“ долго го очекувавме овој албум, затоа што толку добро поминавме со претходниот албум и концертните промовирања, што едноставно со нетрпение го очекувавме новото издание.  Технички, на сцената ви ветувам едно совршено издание, а не сомневавме дека Николче и Каролина повторно имаат направено супер албум. Албумот идната недела ќе го слушнати видат битолчани. Првиот концерт е целосно распродаден, а за вториот има уште влезници, билетите по цена од 500 денари ги има на он-лајн продажната мрежа на “Купи карти за се“. 

Со секој купен билет следува подарок, луксузно диги-пак издание од новиот албум “Извор”.

More from БитолаMore posts in Битола »