Press "Enter" to skip to content

По врнежливо време, битолчани традиционално, масовно на Кркардаш (фотогалерија)

Иако времето во текот на попладневните часови и вечерва беше врнежливо, сепак битолчани не пропуштија да ја испочитуваат традицијата, да се искачат на Кркардаш и да им оддадат чест на 40 маченици, по кои и го носи името манастирот, на ридот над Смилевски Баир, храм “40 Маченици“.

Секоја година на 21 наспроти 22 март, илјадници битолчани ги слават Светите четириесет Битолски и Севастополски Преподобни Маченици, а некои пак оваа посета на манастирот ја поврзуваат и со доаѓањето на пролетта.За денешното прославување, домаќините во манастирот иако по дождливо време да овозможат на битолчани целивање на каменот на безоглавените 40 Маченици Христови и нивната Икона.

-Иако врнеше дожд во текот на попладнево имаше народ, но сега кога дождот преврна тука има дојде многу народ, како и гледата. Сите запалија свеќа и се помолија, а оние кои повеќе веруваат во Бога, се внатре каде се одржува литургија, вели Ице кој е еден од домаќините.Свештеници од преспанско-палагониската епархија одржуваа богослужба, а голем број битолчано стрпливо чекаа да ја целуваат Иконата на светите маченици.

Надвор во дворот на манастирот се поставени голем број на тезги, но за жал поради времето и калта ги немаше децата кои најмногу му им се радувале на проматарите и на малите подароци кои би ги добиле. Но, кога ги нема најмалите, на “шекерната волна“ на Раде, им се радуваа тинејџерите кои вечерва ги имаше во најголем број.По вечерното бдеење утре наутро на Кркардаш  ќе се одржи  Света архиерејска божествена литургија, на која се очекува да има голем број на верници, а оние кои вечерва не дојдоа на Кркардаш, се надеваат на подобро време и на посета на манастирот.

Текст и фото: С. Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »