Press "Enter" to skip to content

Зоран Пејковски со нова збирка со песни, насловена “Здивот на смртта“

Деновиве од печат излезе новата збирка песни на битолчанецот Зоран Пејковски насловена „Здивот на смртта“, а во издание на издавачка куќа „Феникс“ од Скопје“.

Станува збор за збирка песни поделена во три циклуси „Морбиди во крвотокот“, „Татковина за покојните“ и „Осмислување на епитафот“ која содржи 36 песни.

Рецензенти се проф. д-р Васил Тоциновски и проф. д-р Христо Петрески, Тоциновски за најновото издание на Пејковски меѓу другото ќе напише:

-Станува збор за трагична лирска исповед напишана во мигови кога дошло време за разделба со еднаш и кратко дадениот живот додека здивот на смртта своите студени усни како отворени рани за кои нема мелем се множат по телото. Не останало ништо од човекот, времето и просторот. Постои само зборот не како утеха, туку како верба со него и во одговорноста пред него како писмо да се остават аманети, пораки и поуки до поколенијата и идните времиња.Проф. д-р Христо Петрески во својата рецензија на “Здивот на смртта“ има запишано:

-Како ретко кој друг автор, битолскиот писател Зоран Пејковски во најновите негови ракописи го покажува и докажува своето растење, зреење, па и зрелост. Така, тој во последниве неколку години директно му погледна на животот, но и на смртта. Неговите песни, драми, проза… сето тоа е обвиено со некоја тајновитост и мистика, но истовремено е и директно и жестоко. И, како ретко кој друг автор, Зоран Пејковски пишува за смртта. Така е и во неговата најнова стихозбирка „Здивот на смртта“. Смртта, всушност, за Пејковски подолго време е опсесивна тема и преокупација. Неговите песни се пророчки, искрени и доживеани, па, би рекле, дури и манифестни и тестаментални…

Битолскиот автор Зоран Пејковски тој е редовен академик и е единствениот натуралист во македонската литература. Тој е драмски писател, поет, прозаист, преведувач и публицист, дипломира и магистрира драматургија, а сега е докторант на Институтот за македонска литература – Скопје, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, а за својот книжевно – драмско – прозни и поетски опус има добиено повеќе награди и признанија, во Македонија и странство.

Исто така, со Решение № 37 на Советот на чувашките старешини и на Президиумот на Република Чувашија, која е државна организација на Чувашката народна академија на науките и уметностите од 25-ти март 2017 година, во градот Чебоксари, Република Чувашија, Руска Федерација, Зоран Пеjковски.

More from КултураMore posts in Култура »