Press "Enter" to skip to content

Дербито од тренерски агол: Марковски со оставка, Темелковски со пофални зборови за неговиот тим

По поразот во првото коло од разигрувањето, плеј-офот во првото коло, екипата на Пелистер остана без тренер, откако на ракометарите во соблекувалната им соопштил дека дава оставка на тренерското место.

За новонастанатата состојба во клубот, бордот на директори на ракометниот клуб Пелистер ќе расправа на првата седница во понеделник, дознаваме од Управата.Од друга страна тренерот на Еурофарм Работник, Илија Темелковски рече:

-Имавме психолошка по победата во претходниот дуел, а ни се подигна самодовербата. Тактички во одбрана одговоривме на нападот на Пелистер, а примивме само шест гола во вториот дел. Не брзавме во шутевите и внимавме на лесни голови, а тоа е формулата со која победивме. Ова е едно трасирање, има уште доста да се игра и победата во дербито со Пелистер многу ни значи. Со овој состав и управата која нè прати, секогаш амбициите ни се да одиме натпревар по натпревар, да ја задржиме формата и да ја надградиме до крајот на плеј-офот“.

More from СпортMore posts in Спорт »