Press "Enter" to skip to content

Нова кражба во аптека, украдени 80 паковања метадон, пари и телефони

Нема неделен полициски билтен а во него да не е регистрирана кражба во некоја битолска аптека. Аптеките се мета на кратците без разлика во кој реон се наоѓаат и во кое време се напаѓаат.

Овој пат, во дневниот билтен на СВР Битола, стои дека вчера, на 23 март околу 18.45 часот во аптека на улицата „Ордан Николов“ во Битола непознат сторител извршил разбојништво, а во рацете имал пиштол сокој му се заканувал на вработените во аптеката.

Непознатиот сторителот со закана со пиштол од вработените одзел 80 шишенца (по 10 мл.) „метадон“ (лек за лекување на нарко зависници), околу 2000 денари, мобилен и фиксен телефон, по што побегнал во непознат правец. 

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот. 

More from ВестиMore posts in Вести »