Press "Enter" to skip to content

Општинскиот фудбалски сојуз Битола ги одложи натпреварите од Третата лига и општинските “А“ и “Б“

Поради лошите временски натпревари Општинскиот фудбалски сојуз Битола ги одложи сите натпревари кои се во нивна организација.

Комесарот на за натпревари при ОФС Битола, Златко Ралевски за одлагањето вели:

-Комисијата за организирање натпревари и јас како комесар за натпреварите на последниот вонреден состанок донесовме одлука да се одложат сите натпревари кои се во организација на ОФС Битола. Одложени се фудбалските натпревари од Третата фудбалска лига -југозапад и натпреварите од општинските “А“ и “Б“ лиги. Одлуката е донесена поради лошите временски услови кои ја зафатија општината и регионот и лошите терени на каде треба да се игра фудбал, кои вчера беа покриени со снег,  денес најголемиот дел се покриесно со вода и нема услови за одогрување на натпревари, а се е според правилникот на организирање на натпревари на ОФС Битола.

За дополнителните термини за одигрување на натпеварите ОФС навремено ќе ги информира сите екипи во трите натпреварувачки лиги.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *