Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: Интуиција, како да ја развиваме – техники

Подготвил: Жанета Ристевска, психолог

Кога треба да донесиме некоја и таа ја донесуваме без некоја конкретна основа – тогаш велиме дека не водел некој внатрешен глас или нашата интуиција.

Што е интуиција?

 Поим кој често го слушаме во секојдневиот живот, обично се поистоветува со шесто сетило, подсвест, внатрешен глас, преtчувство, предвидување. Овој поим е мног кратно објаснуван и од психологијата и од филозофијата, но до крај не е разјаснет и еднозначно одреден.

Но и покрај се јасно е дека интуицијата ни е од голема помош  во секојдневието и често не предупредува на опасност или непријатност. Таа не   води при процесот на донесување на одлуки и правење на избори,  ни помага да решиме некој проблем така да директно не усмерува на решението и ни овозможува да прескокнеме некои чекори при кои мораме рационално да размислуваме.

Интуицијата е процес кој му овозможува  на човекот знаење за нешто и да тоа знаење го стекне непосредно без аналитичко размислување, при што представува спона помеѓу свесниот и несвесниот дел на човековиот ум, како и помеѓу инстиктите и разумот.

 Како  се манифестира интуицијата?

Кај најголемиот број луѓе таа се манифестира како чувство кое доаѓа од стомакот и најчесто за некој  кажува дека „имал чувство“ дека ќе се случи нешто лошо или можда добро. Обично оние кои имаат развиена интуиција знаат дека нешто ќе се случи, но намаат рационално објаснување од каде тоа доаѓа. Интуицијата може да се јави визуелно и аудитивно одн. како јасна слика, визија  на некоја случка која се предочува пред поединецот или своеврсен внатрешен глас кој за нешто го известува.

Се верува дека интуиција поседува и секоја личност- на секој барем некогаш во животот му се случило да „предосети“. Но сепак кај некои луѓе е јако развиена, а кај други тек незнатна. Се поставува прашањето

Може ли интуицијата додатно да се развие и „навежба“?

Оние кои ја посматраат како феномен на „трето око“ сметаат дека може да се развие со некои техники на јога и медитација. на овој начин се постигнува внатрешен мир и единство со себеи така подобро се слуша својот „внатрешен глас“ одн. својата интуиција. За таа цел се смета дека корисно е било кој вид на опуштање,  како прошетки во природа, слушање музика, танц,  да се биде со себе во потполна тишина. Оние пак кои ја поврзуваат со искуството ќе кажат дека што повеќе искуство има човекот, обрнува повеќе внимание на луѓето околу себе. Заради тоа работете на себе и развивајте вештини на:

– зголемување на контакти со луѓето, но и нивно продлабочување,

– чести разговори,

– темелна комуникација со соговорникот,

– пратење на сопствените и туѓите реакции,

– невербални знаци.

– детално запознавање на човековото однесување воопшто,

Некои од техниките за развивање на интуицијата:

-Верувајте му на својата интуиција

Понекогаш може да е предизвик да му се укаже доверба на нешто што неме логичко објаснување. Но покренување на адекватни чекори врз основа на интуицијата е она што се јакне.Ситуацијата која следи покажува дали одлуката била исправна или не.

-Поставете си прашање и посматрајте кој одговор ќе ви се јави.

Ова е сложен процес бидејќи се јавуваат многу различни мисли во тој момент, но изберете го оној одговор, онаа мисла која се издвојува од другите. Можеби е појасна или ви делува како глас на нешто важно и заради тоа послушајте. Бидете отпорни на мислите кои ќе ве одвраќаат од првиот интуитивен одговор и само следете го иако може да ви изгледа по малку застрашувачко.

-Медитирајте.

Ослободете го умот од повторување на мисли и загриженост. Допуштете им на мислите слободно да се движат, без посебно да се задржуваме на нив. Бидете непристрасен посматрач на  се што се случува. Ослободете се од потребата да реагирате импулсивно и дозволете да ве води состојбата на смиреност.

-Слушајте ги чувствата во ваиот стомак.

Без посебно објаснување чувствуваме дека е нешто добро за нас и тоа го чувствуваме како „пеперутки“ во стомакот. Додека изборот кој интуицијата го проценува како лош за нас го чувствуваме како непријатност и „стегање во грлото“. Регистрирајте ги тие чувства и раководете се од нив кога треба да ве водат за донесување на одлуки.

-Обратете внимание на знаците

Она што го мислите за одредена личност, одлука или изборот кој треба да го направите или  донесете, за тоа ќе пронајдете докази во книгите кои сте ги читале или ги читате, вестите кои ги гледате. Ако се чувствувате добро со таа идеја продолжете, но ако не, продолжете со размислување.

-Вежбајте ја десната страна на мозокот

Пронајдете начин да ја изразите својата креативност.

-Препуштете му се на игра,

-Практикувајте визуализација и испробувајте секој ден нешто ново, наместо секојдневна рутина, одберете активности за секој ден.

-Изненадете се себеси со нови места , нови луѓе. Променете го патот по кој одите.

-Секој ден одберете различно од вообичаеното.

-Бидете свесни за сегашни моменти и бирајте позитивни зборови.