Поп дивата, битолчанката Каролина, пред битолчани во преполната Голема сала на Центарот за култура во Битола, ја одржа концертната промоција на новиот албум со наслов „Извор“ кој е во издание на “Авалон продукција“.
Каролина за време на концертот, кога заедно во битолчани ги пееше најголемиот дел од песните од новиот албум “Извор“ и некои постари песни, секаде е убаво, но дома секогаш е најубаво.Овој концерт беше првиот од најавените два концерти за кои Каролина рече дека тој е резултат на барањата на битолчани тука да има концерт, преку пораките кои ги добивала.
Концертот траеше повеќе од два часа, а на бината, заедно со Каролина имаше доста музичари, а имаше и музичари од Битола.Концертот, технички, во организација на “Авалон“ продукција на сцената имаше совршено издание, а тоа го заслужи новиот албум на Каролина кој го направи Николче, а вечерва докажаа дека двајцата, имаат направено супер албум, чии песни долго време ќе се слушаат и пеат.
По првиот концерт, утре следува и вториот за кој има уште влезници, а со секој купен билет следува подарок, луксузно диги-пак издание од новиот албум “Извор”.Текст и фото: Сашо Ристевски