Press "Enter" to skip to content

Фото вест: битолчани го пречекаа Митрополитот Тимотеј во Сиднеј, Австралија за Велигденските празници

Синоќа на сиднејскиот “Кингсфорд“ аеродром во вечерните часови пристигна висока црковна делегација предводена од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-Кичевски и Администратот Австралиско-Сиднејски г. Тимотеј.Владиката Тимотеј пристигна придружуван од протоереј-ставрофор Димче Ѓоргиевски и протоѓаконот Николче Ѓурчиновски, а го пречека претседателот на “Св. Петка“, битолчанецот Борис Дамчевски со целото раководство на оваа најголема црква во Сиднеј, Австралија.Доаѓањето на Митрополитот Тимотеј во канонска визитација на Австралиско-сиднејската Епархија  се совпаѓа со 40 годишнината од осветувањето на Македонската православна црква “Св. Петка“ на 19 февруари 1978 година од првиот поглавар на Автокефалната МПЦ, Блаженоупокоениот г.г. Доситеј и првиот надлежен Митрополит на тогашната Американско-канадска и Австралиска епархија на МПЦ, а тука ќе биде и за време на претстојните Велигденски празници.

Од Сиднеј, К. Циревски      

 

More from ДијаспораMore posts in Дијаспора »