Press "Enter" to skip to content

“Центар бар“ (“Center – Lounge & Fresh bar“) првиот локал за здрава храна во Битола

Деновиве во Битола на свечен начин беше отворен првиот локал за здрава храна, “Центар бар“ (Center – Lounge & Fresh bar) кој се наоѓа во срцето на градот и пулсира во ритамот на битолската младина.

-Локацијата е на “Широк Сокак“ бр. 61 на првиот спрат, а работи во состав на уметничкиот центар “Анастасија Центар“. За сите кои што се љубители на здравиот начин на живот ова е местото каде што ќе се чеуствуваат како дома во пријатен амбиент со музика, книги и позитивна енергија, вели сопственикот, Дарко Милевски.Четирите елементи вода, воздух, оган и земја се претставени во претставени во ентериерот на барот, петтиот елемент е љубовта која се наоѓа во храната и пијалоците, за што Милевски вели:

-Тука гостите можат да бидат послужени со здрава храна, по светските теркови, свежи џусеви, енергетски топки и тартови, смути, овесна каша и чиа пудинг за доручек, супа на денот, оброк салати, “даски“ за двајца и четворица со топки од хумус, лепчиња со лосос… Ова е само дел од обилното мени, кое исто така е доста погодно за вегетаријанци, вегани и спортисти. Во викенди е активен барот каде посетителите можат да се послужат и со алкохолни пијалоци.-Сцената е во кабаре стил за артисти и изведувачи кои имаат авторска музика, креативци, танчери, презентери,промоции, дебати и сите активности кои водат кон подигнување на свеста, додава Милевски.

Овој локал можат посетителите да доаѓаат поединечно и во големи групи, а самиот локал има капацитет за околу 70 души.Покрај тоа секогаш можете да наминете во Центар бар и да си нарачате храна и пијалоци за носење.

Ве очекуваме!