Press "Enter" to skip to content

Фотовест: “Гинималци“ од “на камен“ во Јени маале, “на камен“ на Широк Сокак

Ова саботно пладне на Широк Сокак продефилираат илјадници битолчани, кои барајќи место за седнување во некое кафуле прошеаат од сатот па до паркот, очекувајќи дека ќе имаат среќа да бидат на вистинско место – во вистинско време, кога некој ќе стане од масата.

Едно друштво денес “делеше“ по Широк Сокак, а тие имаа ставено шанк маса на која се честеа пола од кафулето отспротива – пола “бакалско“.  

-Традицијата продолжува. Порано во Јени маале жените седеле на камен и следеле што се случува низ населната, а ние седиме “на камен“ на Широк Сокак и следиме што се случува тука низ градот, ни рекоа, алудирајќи дека најголем дел биле од таа битолска населба.

Но, причината била друга, го славеле именденот на Лазе, на празникот Лазарова сабота.

С. Ристевски

More from БитолаMore posts in Битола »