Press "Enter" to skip to content

Митрополитот Тимотеј за големиот јубилеј на “Св. Петка“ во Рокдаел доби панагија која ја изработи битолски златар

Во просториите на Културно-образовниот центар “Илинден“ кој се наоѓа веднаш до црквата ”Св. Петка” беше прославена 40 годишнината од свеченото отворање на црквата на 19 февруари 1978 година, кога тогашниот Архиепископ г.г. Доситеј, прв поглавар и возобновител на Охридската Архиепископија, олицетворена во Македонска Православна црква, придружуван од тогашниот прв надлежен Митрополит г. Кирил, го извршија Големото Осветување на храмот посветен на Света преподобна маченица Параскева-Св.Петка.

На почетокот на собирот големиот работник за македонската кауза и кој повеќе од 40 години ја пишува историјата на оваа црква, Кире Циревски, како секогаш и овој пат, прочита долг реферат за оваа, како тој ја нарече “Бела убавица“ која се наоѓа во срцето на најголемата македонска колонија во Рогдаел и ги опиша сите значајни случувања во 40 годишното постоење на црквата ”Света Петка”.Потоа на присутните им се обрати и администраторот на Австралиско-сиднејската македонска православна епархија, митрополитот Тимотеј, кој во својот говор на почетокот рече:

-Верувам дека сеуште има некои од иницијаторите и организаторите за подигањето на овој свет храм, но најголем дел се преселени во вечноста. Во овој момент, должни сме да им искажеме искрена благодарност за нивниот подвиг, за нивниот труд и за нивните маки за реализирање на ова богоугодно дело. Во сите активности вие го закрепнувавте и засилувавте македонскиот бит во оваа демократска австралиска земја.

-Пред четири децении, вашите предци, како иницијатори, биле водени од религиозно-национални мотиви овде во Рокдејл, да подигнат дом божји за нашите луѓе. Да подигнат божји дом овде, каде што се наоѓа најголем број од Македонците во овој дел на Сиднеј, верувам дека подигнувањето и осветувањето на овој храм ги оправда своите цели. Покрај верскиот, црковниот живот,оваа црква даде сериозен влог во сите овие изминати години не само на културен , туку и на просветен, национален и спортски план”, рече  администраторот на Австралиско-сиднејската македонска православна епархија, митрополитот Тимотеј поздравувајќи ги присутните на свечената прослава по повод 40-годишниот јубилеј на МПЦ “Св Петка” во Сиднеј.

Митрополитот Тимотеј на Црковниот одбор на “Св. Петка“ во име на Македонската православна црква, Охридска архиепископија, им додели Златна плакета, а битолчанецот Борис Димчевски, во име на сите верници од оваа црква и црковниот одбор му подари панагија, која специјално за оваа пригода беше порачана и изработена од филигран-сребро, кај битолски златар.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.