Press "Enter" to skip to content

Куп финалистите Пелистер и Шкендија на генерална проба под Тумбекафе

Денес на стадионот под Тумбекафе ќе се одигра првенствен натпревар во кој екипата на Пелистер ќе ја пречека екипата на Шкендија, а оваа средба ќе биде генерална проба на двете екипи кои ќе се сретнат, исто како и минатата година во финалето од фудбалскиот куп.

Шкендија ја има одбрана која не примила гол во последните шест кола, а Пелистер пак на голот во има херојот од последната полуфинална средба, каде ги одбрани сите пенали за пласман во финалето од Купот, Илче Петровски, кој за денешната средба вели:

-Нема многу што да се кажа, напаѓачите пред себе ќе ја имаат најдобрата одрбана во лигата и ќе треба да се надминат себеси, а ништо полесна задача ќе имаме и ние во одбраната, бидејќи на двете последни првенствени средби со нив примивме по три гола. Но, ние во Битола немаме повеќе бодови за давање на противниците, бидејќи ни се потребни за опстанок. Се надевам дека ќе бидеме сите заедно мотовирана екипа која ќе се спротистрави на фаворитот, но и на силна поддршка од трибините, која многу ни е потребна сега кога секој бод е битен. Очекувам полна трибина која ќе биде наш 12 играч денес под Тумбекафе.

Во иста насока размислуваат и напаѓачите на Пелистер, а Иве Трифуновски за оваа средба вели:

-Немаме многу избор за попладнево, бидејќи знаеме кој го имаме за противни лидерот на Првата фудбалска лига, кој нема примено гол 540 мунити, но нема предавање пред време. Ќе се обидеме сите заедно играчите и публиката, која ја очекуваме во најголем број оваа пролет, да дадеме не сто и дваесет проценти од нас, бодовите да останат во Битола.

Колку ќе им биде тешко на фудбалерите на Пелистер да играат против лидерот на табелата, барајќи бодови за спас за опстанок во лигата, кажува и табелата каде практично Шкендија е веќе шампион на Македонија.

Судиската правда во Битола ќе ја дели охридскиот судија Марјан Маркоски кој е делегиран за главен судија, а натпреварот започнува во 16 часот.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.