Press "Enter" to skip to content

Пелистер поразен на “генералната проба“ за Купот од Шкендија со високи 0:6 (фото)

Пелистер – Шкендија 0:6  (0:3)

Иако тренерот на Пелистер, Марјан Секуловски, од почетокот на средбата им довикуваше на неговите фудбалери за поголема будност, по се изгледа звучното име на Шкендија и нереализирањето на не така изгледната шанса, некако ги подзабави, а тоа искусните гостински фудбалери знаеја да го искористат. Ако не беа одличните одбрани на голманот на Пелистер Петковски, крајниот резултат ќе беше уште на крајот на првото полувреме.Победата над Пелистер ја најави Бојку кој по прецизниот центаршут кој гоиспрати капитенот Алими со глава, а само неколку минути подоцна Фазлагиќ зголеми на 0:2, додека конечните 0:3 на полувреме ги постави Бејтулаи, по што објективната битолска публика го награди со аплауз.Шкендија во 55 минута од второто полувреме преку Стенио Жуниор зголеми на 0:4, капитенот Алими во 62. минута зголеми на 0:5, со удат од 30 метри, а конечните 0:6 ги постави Радевски во 63. минута. 

Екипата на Пелистер загуби уште една битка со лидерот на  табелата, Шкендија, откако на претходните две исто така беа убедливо поразени со 3:1 и 0:3. Ако ова беше генерална проба на финалето од Купот каде на 23 мај ќе се сретнат овие две екипи, тогаш ќе им биде тешко на “пелистерци“ да стигнат до победа и до излез во Европа, бидејќи по новите правила на УЕФА, поразениот финалист нема право да игра во Лигата на Европа.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.