Press "Enter" to skip to content

Кошаркарките на Пелистер се пласираа во разигрувањето за шампионска титула

Трокал – Пелистер 44:66

Младите кошаркарки на Пелистер позитивно изненадија и оваа година со пласнам во завршницата од Првата македонска лига, каде ќе играа за титулата, првак на Македонија.

Пласманот е обезбеден по победата на гости во Каварадци, каде ја победија убедливо домашната екипа, Трокал, со 22 коша разлика (66:44).

-Ова е голем успех на оваа млада екипа од Битола, која е една од најмладите екипи кои се натпреваруваат во првите лиги во било кој спорт во државата. Екипата на Пелистер со својот состав има само четири кошаркарки кои се над 18 години, а останатите се осмоодделенки кои имаат едвај по 13-14 години. Поради тоа овој успех, освојувањето на третото место на табелата има посебна важност за нашиот клуб, рече тренерот Горјан Стојановски.

More from СпортMore posts in Спорт »