Press "Enter" to skip to content

ФК Јени Маале го организира вториот меморијален турнир “Јоше Џентиле“ (фото)

На малиот фудбалски стадион “Кајнак“ во населбата Јени маале, вчера се одржа вториот меморијалем фудбалски клуб “Јоше Џентиле, кој го организираа фудбалерите на вој клуб, во чест на прерано починатиот нивни голем поддржувач и еден од основачите на клубот, Јоше Симоновски – Џентиле.Фудбалерите на Јени маале на неговиот син Благојче му доделија признание, постхумно, за посебен придонес и развој на клубот и маица со ликот на Симоновски.

Потоа се одржа и фудбалскиот натпревар помеѓу ветераните на клубот и сегашните помлади фудбалери, по што следуваше и дружење на повеќе генерации жители на овој дел од Битола и нивни гости, каде на заеднички коктел, се присетија на некои не така многу долго минати времиња.-Ова е втор турнир во чест на нашиот голем поддржувач кој доаѓаше со нас на сите терени каде настапувавме во општинските лиги, а беше и еден од оние кои не подржуваа во сите одлуки. Затоа сакаме на овој начин да му оддадема мала почит, а ние знаеме дека ова не е некоја голема спортска манифестација, но за нас фудбалерите и жителите на овој дел на оваа населба е голема работа. Третиот турнир во чест на Џентиле, до година, ќе биде со четири екипи, а се надеваме дека од година во година ќе прераснува во поголем спортски настан, рекоа од фудбалскиот клуб Јени Маале.Останува е останатите клубови и здруженија од нашиот град да го следат примерот на овие жители на битолската населба да се присетат и да им оддадат признанија на заслужни членови кои помогнале на било кој начин во организацијата и живеењето на маалските спортски клубови, здруженија, уметнички друштва…

С.Р.

More from СпортMore posts in Спорт »