Press "Enter" to skip to content

Промовирани учебниците „Стандарден македонски јазик“ и „Академско пишување1“ (фото)

Универзитетската библиотека „Св.Климент Охридски“ во Битола денеска го одбележа Светскиот ден на книгата и авторското право 23 Април со промоција книгите „Стандарден македонски јазик“ од проф. д-р Виолета Јанушева и „Академско пишување1“ од проф. д-р Виолета Јанушева и доц. д-р Бисера Костадиновска-Стојчевска.За книгата, односно учебникот “Стандарден македонски јазик, зборуваа промоторите проф. д-р Људмил Спасов и  проф. д-р Димитар Пандев кои рекоа дека книгата се темели на најдобрите традиции на она што се вика македонска лингвистичка школа, почнувајќи од Блаже Конески како нејзин основач, што е во тек со денешницата, затоа што денешните читатели, денешните студенти, не купуваат обемни книги.За учебникот „Академско пишување1“ промоторите посочија книгата „Академско пишување 1“ претставува нов вид на литература во нашата земја бидејќи има недостиг од оваа литература и  повеќе е од очигледна потребата на учебник од овој вид, рече промоторот проф. д-р Ирина Петровска, а ороф. д-р Добри Петрески рече:-Двете книги сигурно ќе најдат место во широкиот книжевен опус како во Македонија така  и пошироко бидејќи се работи за дела  кои не познаваат  граница во поглед на јазикот. Наша задача е да промовираме еден мошне значаен труд кој се однесува на академското пишување како една од потребите на современиот начин на живеење и творење.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.