Press "Enter" to skip to content

Комеморација на Француските гробишта, поставено уметничко дело-споменик (фото)

На француските воени гробишта во Битола се одржа  комеморција посветена на жртвите од Првата светска војна на кој зборуваше Амбасадорот на Франција во Република Македонија, Кристиан Тимоние. 

На комеморативниот настан учествуваа и пратениците во Собранието на Република Франција Бертран Сор и Грегори Галбадон, кои ја предводат Групата за француско-македонско пријателство, како и ученици Горната Гимназија и Гимнаџијата “Ла Рокен“ од Кутанс, Нормандија.На Француските гробишта беше поставено уметничко дело – споменик,  изработен од француски ученици од Гимназијата „Ла Рокел“ од Кутанс во Нормандија.

Споменикот е направен од македонски гранит и француски камен, со впишани имиња на Македонци и Македонки кои настрадале во Првата светска војна, а ќе сведочи за настаните од Првата светска војна и Македонскиот фронт.Споменикот го изработија француски ученици од Гимназијата „Ла Рокел“ од Кутанс во Нормандија, кои соработуваат со учениците од Гимназијата „Јосип Броз Тито“-Битола и има за цел да даде смисла на сеќавањето на Првата светска војна, која се одвиваше и тука, на Истокот. Тоа е споменик за поткревање на свеста за мирот и заедничка обврска од Францускиот до Македонскиот фронт, рече на комеморацијата Францускиот амбасадор во Македонија, Кристијан Тимоние и додаде:

–Изборот на бои и материјали е силен и заборува самиот за себе. Каменот од Каен зборува за потеклото на војниците, гранитот е присутен со цел да ја валоризира планината која не опкружува и која ги видела како паѓаат сите овие војници. Идејата да се впишат македонски имиња е со цел да се фрли светлина врз страдањето на цивилите. Битола за нас е место за средба, споделување и истражување на Македонскиот фронт. Станува збор за град кој бил бомбардиран, и во кој цивилите се сеќаваат на тоа што било војна.Покрај промоцијата на споменикот француската делегација беше во посета Горната Гимназија, каде се запознаа  со работата на Гимназија, а потоа имаа средба и со градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.

Текст и фото: С. Ристевски

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.