Press "Enter" to skip to content

Организацијата на потрошувачите со проект “Сертификат ФЕР со потрошувачите“

Организацијата на потрошувачите од Битола во хотелот “Милеиум“ одржа промоција на новиот проект насловен: Со внимание кон потрошувачите и животната средина до подобра препознатливостна пазарот и за малите и средни фирми сертификат Фер со потрошувачите.

На промоцијата зборуваше претседателката на Организацијата, Снежана Димитровска, која ги објасни целите на проектот и придобивките за Организацијата на потрошувачите и за малите и средни претријатија, како и целните групи.Како целни групи, рече Димитровска се претријатијата, Регионалната стопанска комора, Регионалната занаетчиска комора, државните органи за заштита на правата на потрошувачите и животната средина и органите на локалната самоуправа.

Проектот ќе резултира со востановен модел на услуги дадени од организацијата на потрошувачите на Битола кон претријатијата од Пелагонискиот плански регион за стекнување на сертификат “Фер со потрошувачот“.

Во текот на проектот ќе се анкетираат најмалку 36 компании, ќе се презентира сертификатот “Фер со потрошувачите“ пред најмалку 10 избрани компании и бесплатно ќе се сертифицираат три компании. Сите компании ќе бидат препознатливи како деловни субјекти со фер однос кон потрошувачите и со тоа ќе ги намалат поплаките од корисниците на услугите и потрошувачите, а со тоа ќе ги намалат издатоците за глоби и судски такси за спорови покренати од потрошувачите.

На промоцијата зборуваше и претставникот на Регионалната стопанска комора, Никола Димитровски, а модератот беше Сузана Трајковска Кочанковска.

More from ВестиMore posts in Вести »