Press "Enter" to skip to content

“Сумнал“ домаќин на Проектот “Roma health care – Грижа за здравјето на Ромите“

„Сумнал“ – здружението за развој на Ромската заедница е дел од проектот  “Roma health care“ – Грижа за здравјето на Ромите.

Проектот “Roma health care – Грижа за здравјето на Ромите“ е проект “ЕРАЗМУС +“ кој ги анализира состојбите и потребите на ромските заедници во Бугарија, Германија, Македонија, Грција, Унгарија и Романија во областа на здравството, претставници од сите наведени земји беа  на семинар во Битола од 22 – 26 април 2018.Главната цел на состанокот беше  да се презентираат резултатите од истражувањето од вкупно 720 Роми во партнерските градови во Германија, Бугарија, Грција, Македонија, Унгарија и Романија. Резултатите од истражувањето ќе бидат презентирани во април, со што ќе се дискутира за можните решенија заедно со јавните и државните институции, како и невладините организации.

Резултатите од истражувањето се презентираа пред локалната заедница и пошироката јавност и имавме можност да дискутираме и да предложиме решенија.На ден 24.04.2018 година истите резултати се презентираа во општина Битола и бевме примени од м-р Виолета Налевска, Советник ЕР при општина Битола.

На средбата исто така се разговараше за потребите што можат да бидат покриени со поднесување на заеднички европски проекти, како и со користењето на постојните ресурси во општина Битола и во државата.

More from ВестиMore posts in Вести »