Press "Enter" to skip to content

17 години од заседата кај Вејце каде загинаа четворица битолчани

Денеска се навршуваат 17 години од заседата кај Вејце во конфликтот од 2001 година каде загинаа припадниците на безбедносните сили од Битола Марјан Божиновски, Кире Костадиновски, Бошко Најдовски и Илче Стојановски.

Делегации се поклонија и положија свежо цвеќе пред споменикот на загинатите бранители во кругот на СВР Битола, споменикот “Ангел“ кај градскиот часовник, како и на нивните вечни почивалишта во с. Породин, Долно Оризари, на старите гробишта во Битола, и пред споменикот во с. Ивањевци.

Масакрот на патот меѓу Селце и Вејце на Попова Шапка, се случи на 28 април 2001 година во 17:45 часот, кога припадници на т.н. ОНА извршија напад врз патролата на безбедносните сили, а беше еден од најкрвавите и најбрутални настани од конфликтот во 2001 година.

More from ВестиMore posts in Вести »