Press "Enter" to skip to content

Иванчо Тошевски – нов претседател на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за нов претседател на Општискиот комитет наВМРО-ДПМНЕ во Битола го избра Иванчо Тошевски, актуелен советник во Советот на Општина Битола.

Иванчо Тошевски е член на ВМРО-ДПМНЕ дваесетина години, а за тоа време бил и претседател на Месниот комитет во Нова Битола, каде и живее, а повеќе години е член на и Општинскиот комитет во Битола. Како резултат на неговата партиска активност е предложен, а подоцна и избран на Советник во Советот на Општина Битола, каде успешно работи.

Иванчо Тошевски влезе во најтесен круг за избот на претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ и претходно кога за претседател беше избран Борче Димитровски.

Иванчо Тошевски е вработен во РЕК “Битола“ и е голем поддрувач на спортот, а и самиот е спортист, рекреативно се занимава со велосипедизам.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.