Press "Enter" to skip to content

Фото вест: Напоредно со булеварот се санира и коритото на Драгорот

Градежните екипи кои работат на целосна реконструкција на Булеварот “1-Мај“ од левата страна од Безистенот до Ленски мост го санираат и коритото на реката Драгор на места на кои не е во најдобра состојба.

Така деновиве екипите работеа на каметото корито на реката Драгор на над Ленски мост.

-Вака треба секаде да се работи, кога се нешто се поправа или прави треба комплет да се санира, а не отпосле кога ќе се заврши работата повторно работници да копаат и поправаат и да се расипи направеното. Ако се направеше улицата и отпосле да паднеше коритото ќе беше двоен зијан, ем ќе се расипеше работата, еме пак ќе беше затворена улицата, ни рече дуќанџија кој ја “надгледуваше“ работата додека ние фотографиравме од другата страна на реката Драгор.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *