Press "Enter" to skip to content

Започна чистење на дивите депонии на Баирот (фото)

Денес претпладне започна акцијата за средување, чистење и разубавување на животната средина во општините во Република Македонија, иницирана од Заедницата на единиците на локалната самоуправа во која се вклучени и Општина Битола и јавните претпријатија.Во оваа еколошка акција со механизација и работници помагаат јавните претпријатија од Битола, “Комуналец“, „Нискоградба“ и „Водовод“ од Битола. Во акцијата беа вклучени и заменичката градоначалник Емилија Костурска, претседателот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски, директорите на јавните претпријати и советници, а акција започна онаму каде е најкритично на баирот помеќу улиците “Караорман“ и “Дебарска“, каде тешко се решава овој проблем, и покрај многуте акции од ваков вид.Претседателот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски за оваа акција рече:-Општина Битола продолжува со акциите за чистење на дивите депонии во општината и во градот. Досега се исчистени над 20 диви депонии и значително е намален бројот, а тоа не е крај и не е се чисто. Ќе продолжиме и понатаму да се занимаваме со овие проблеми,а една од мерките е зголемување на комуналните службите во Општина Битола, рече Валентин Груевски, претседател на Советот.Директорот на КЈП “Комуналец“, Панде Богоевски е координаторот на акцијата вели:-Имаме регистрирано околу педесетина депонии ни градот, а ЈП “Комуналец“ во рамките на своите редовни активности врши периодично на месец до два чистење на диви депонии во соработка со останатите јавни претријатија “Водовод“’ и “Нискоградба“, а исто имаме и заеднички акции со Општината Битола. Причината за депониите сите сме свесни дека е несовесното однесување на граѓаните, а не сме секогаш расположени да исчистиме, но никогаш не можиме да исчистиме доволно колку што прават граѓаните диви депонии.ЈП “Комуналец“ ќе ја продолжи акцијата која ја имаат вече подолг период за подигање на смет од претријатија и домови. “Комуналец“ ќе им го подигне отпадот од дома, наместо  да го исфрлат некаде и да се направи дива депонија, вели Богоевски.Што се однесува пак до организирано собирање на сметот на Бајрот тој вели дека е тешко изводливо поради тесните улички и сокаци, но ќе се бара решение за овој проблем.Еко акцијата за чистење на депониите нема да заврши со денешната акција, туку ќе продолжи и во наредната сабота. 

Текст и фото: С. Ристевски

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *