Press "Enter" to skip to content

Михајло Босилков со звуците од неговиот тапан сите ги станува на нозе

Михајло Босилков е скромно момче членува во КУД “Гоце Делчев“ и тапанот е негов инструмент. Но, кога ќе затропа на него тој станува сосем поинаква личност, шири таква енергија и прави атмосфера сите да заиграат. Така се случи и во неговото училиште кога во рамките за талентирани ученици на натпреварот “Јас имам талент“ тој со својот тапан направи сите да станат да заиграат и да освои првото место како талентиран во област на музика.

Членовите на жири за таленти составено од ученици, наставници и психолог едногласно гласаа за него, бидејќи не можеа да останат равнодушни со каков жар и љубов засвири и запеа така да сите кои присуствуваа на натпреварот ги стана на нозе да заиграат на звуците на убава традиционална македонска музика сосем поинаква од таа што ја слушаат учениците како тинејџери.

Михајло Босилков е ученик во 8 одделение во ОУ “Св Кирил и Методиј“, а неговите наставници велат дела Михајло е срамежливо момче, но кога ќе го земе тапанот и затропа како да добива самодоверба и станува поинаков, насекаде шири позитивна енергија и тогаш тој е во центар на внимание.

Така и во креативно-едукативниот филм (спот) што се снимаше во училиштето тој заслужено доби посебна улога во делот што ја опишува нашата традиција и играње на оро. Тапанот како стар традиционален инструмент е дел од нашето минато и познатото оро “Тешкото“ се игра со и на тапан. Заради тоа и неговите звуци кај сите нас поттикнуваат посебни емоции. Михајло како емотивен тоа и го пренесува.

Мајката на Михајло среќна поради неговото учество во спотот за училиштето вели дека Михајло членува во КУД “Гоце Делчев“ уште од својата осма година и како играорец, и со својот инструмент тапанот. Со друштвото настапувал низ земјата и во странство и има повеќе награди, но оваа која ја освои од своите соученици му е најдрага, и како да му даде поттик.

Тој е повлечен и скромен и ми се чини како да се срамеше да свири на тапан нарочито кога веќе порасна бидејќи се слуша друг вид на музика која е попопуларна. Но, откако ја освои првата награда на “Јас имам талент“ во училиштето како да стана сигурен во себе и во тоа дека сака да свири на овој инструмент. Со снимањето потполно се соживеа со улогата и одеше на училиште со се тапан за потребите на снимањето.

А, Михајло многу радосен ни кажа дека кога засвирил на матура кај негови роднини ги заработил и своите први пари, а на Михајло му посакуваме да продолжи да освојува награди и да заработува со својот инструмент, бидејќи кога се прави нешто со љубов секогаш има успех.

More from КултураMore posts in Култура »