Press "Enter" to skip to content

На “Магнолија“ во тек е саем на средните училишта и шанса полуматурантите да се решат каде ќе се запишат (фотогалерија)

Полуматурантите, оние кои сега за неколку дена го завршуваат своето образование, а се уште се немаат одлучено каде тоа да го направат имаат прилика да се одлучат денес, ако го посетат саемот на средните училишта.

Саемот се одржуна плоштадот “Магнолија“ каде секое битолско средно училиште има свој штанд на кој полуматурантите имаат прилика да се запознаат со наставните програми кои ги нуди секое средно училиште.

-Се двоумев помеѓу две средни училишта, и ги посетив двата штанда и со родителите убаво ги ислушавме презентациите. Одлука не донесов, но имам сега и други информации од самите училишта. Се надевам дека одлуката ќе ја донесам за некој ден, односно пред започнувањето на уписите, ни рече Лука.

Инаку на сите основци кои го завршија своето образование на “Магнолија“ им се претставија Мецицинското и Музичкото кои се државни средни училишта и општинските, Горната Гимназија, Економско, Земјоделско, Техничко и “Таки Дасколо“.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *