Press "Enter" to skip to content

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средби со локалното раководство и со граѓани (фото)

Во прва официјална посета и прва средба со новото раководство на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Битола беше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, а него пред зградата на партијата покрај членството го пречека новиот локален лидер Иванчо Тошевски.

-Ова не е прва посета на Битола, тука сум бил како раководител на РЕК “Битола“ и како генерален секретар на партијата на изборите, но ова е прва посета како претседател на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мицковски, а за причините за поразот во Битола на локалните избори рече:

-Политиката е динамичен процес, еднаш победувате, друг пат губите. Се разбира ги анализираме грешките во минатото и врз основа на тие грешки носиме заклучоци како да продолжиме во иднината. Мислам дека извлековме поука од грешките што ги правевме во минатото и истите ќе ги корегираме за во иднина повторно да победиме во Битола оти овој град за партијата е од врвен приоритет во приоритетите во нивната нова изборна програма, додавајќи дека ќе се вика “Нов завет“.

Околу прашањето за името на државата Мицковски на новинарско прашање одговори.

-Тоа се новинарски шпекулации, полу информации, полу вистини. Ние сме надвор од процесот, комплетмо сме исклучени од било каква информација, она што најчесто го добиваме како информација е од новинарски текстови и она што кај нашиот јужен сосед се лиферува како вест. Инаку Преспа е убав град во Република Македонија каде што има едно прекрасно езеро.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски посетата на Битола за заврши со прошетка по Широк Сокак.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *