Press "Enter" to skip to content

Гостите во новиот хотел на “Ангромаркет“ – винаријата “Лозар“ се чуствуваат како дома, во одличен амбиент и вкусна храна (фотогалерија)

Хотелот во комплексот на винаријата “Лозар“ веќе ги прими своите први гости во своите современо и интересно опремени соби. Меѓу првите гости се наши иселеници кои доаѓаат на одмор во својата земја преку летото и остануваат повеќе денови, а тука се и оние кои се на ден-два.

-Воодушевен сум од современиот изглед, удобност и опременост на собите, ни вели Боб Николовски, од Сиднеј Австралија, е сместен во хотелот со својата сопруга и додава:

-Собата ни ја резервира еден роднина од Битола кој ни го препорача хотелот како нов, со посебно дизајнирани соби кои ги видовме на интернет. Но, исто така и заради добрата храна и избор на вина на кои сум љубител, особено македонските вина познати по свој посебен вкус и арома, продолжи Боб видно задоволен заради добриот избор на сместување.

-Тука сме веќе неколку дена, а веќе се чувстуваме како да сме дел од тимот на хотелот и како со нив да се познаваме од секогаш. Ова само кажува колку сме задоволни од целокупната услуга која тие несебично ни ја дадоа нам. Но, не само од сместувањето, туку и од тоа како се хранаевме во ресторанот, а можам само да кажам дека храната е превкусна, а изборот на вина голем. Посебно пријатно ме изненади просторот каде се сместени промероците на вино, каде може да ги дегустирате вината, да уживате во одлично уредениот простор и секако таму може да уживате во храна и вино, кои нам одлично ни ги “сервисираа“ целокупниот персонал, а јас и мојата сопруга Бети сме многу задоволни. Продолжуваме на шетање низ Хрватска и се враќаме повторно во Македонија, но се двоумиме дали ќе бидеме во истата соба или да ја менуваме, бидејќи сите ги разгледавме и сите се уникатни во боите на виното. Тогаш доаѓа и нашиот син со снаата, млад брачен пар, а се надевам дека ќе го бендисаат претседателскиот апартман кој според нас е современо опремен со сите хотелски удобности, вели нашинецот од Сиднеј, Австралија, а за тоа како ги помина деновите во Битола, вели:

-Тука бевме неколку дена и продолжуваме со пријатели од Битола, на прошетка. За деновите во Битола немам зборови, како се да кажам за неколку минути од на нога. Но, секој километар кој го поминавме по долгиот пат до тука, кога ќе дојдеш во родниот крај се исплатува. И преостантиот дел од престојот во Македонија ќе го поминеме овде во хотелот, иако имаме роднини, не сакаме да им бидеме на товар, а сите роднини и пријатели не посетуваат тука каде можеме да се собереме и повеќе луѓе, како за ручек или вечера, со музика во убав амбиент. Цените се многу прикладни за тоа се што ни се нуди. Еве ние веќе им го препорачавме овој хотел и на други наши пријатели од Сиднеј кои идат наредните недели. Изгледа ќе се собереме сите од Рокдејл тука во Македонија, низ смеа ни кажа Боб, видно многу среќен од престојот во својата татковина.

Вработените во хотелот исто така се задоволни од своите гости и сакаат тие да бидат задоволни од престојот кај нив. Тие им нудат квалитена храна, голем избор на вина, удобност и хигиена на високо ниво и љубезност, односно оние кои се повеќе денови тука да се чувствуваат како дома, како староседлци, а не како гости. Секако исто внимание им се обрнува и на оние кои се на еден ден или два.

Љубезниот персонал во хотелот и ресторанот знае дека како нов хотел, многу е значајно првите гости да шират позитивни вести за услугите во него, бидејќи добриот глас далеку се слуша.

А, за хотелот на “Ангромаркет“ кој се наоѓа во комплексот на винарската визба “Лозар“ веќе се слуша и надвор од државата.