Press "Enter" to skip to content

Кочо Чака: во чест на професорот Драгољуб Ѓорѓиевски, прв меморијален трунир со војничка пушка

Стрелачкиот клуб “Јане Сандански“ од Битола, в недела на 3 јуни, ќе го организира првиот меморијален турнир “Драгољуб Ѓорѓиевски“ во чест и слава на деценискиот претседател на клубот, Драгољуб Ѓорѓиевски.

-Стрелачкиот клуб “Јане Сандански“ од основан пред повеќе од триесетина години од страна на професорот Драгољуб Ѓоргиевски и тој беше претседател се до неговата смрт. Ние како клуб, и јас како негов претседател, одлучивме во негова чест да организираме меморијален турнир кој ќе го носи неговото име, а стрелците ќе се натпреваруваат со војничка пушка на военото стрелиште “Леково“ во близина на Прилеп. Кога го спомеменав нашиот долгогодишен претседател морам да додадам дека професорот Драгољуб Ѓорѓиевски 60 години од својот живот посвети и даде голем придонес за развојот и афирмацијата на стрелачкиот спорт во општина Битола, а со своето залагање и работење во областа на стрелаштвото постигна големи резултати како на општинско така и на државно ниво, вели Кочо Чака, претседател на стрелачкиот клуб “Јане Сандански“.

На овој турнир во недела се очекува, на стрелачкиот старт, да се појават сите стрелачки клубови од регионот, а за тоа до каде се подготовките Чака вели:

-Се е подготвено за првиот меморијален турнир. Иако сакавме да биде првиот турнир во Битола, немавме дозвола за “пукање“ и моравме да го одржиме во Прилеп, но се надевам дека за наредниот ќе се вратиме во Битола. Што се однесува пак до подготовките сите дозволи за натпреварување со боева муниција се извадени, а вчера бевме во Прилеп на стрелиштето и таму се е подготвено. Ние како организатори ги поканивме сите стрелачки клубови од Битола, Прилеп и Скопје, а веќе имаме и потврди за доаѓање, а учество ќе земат и припадниците на АРМ, на МВР од Битола и Прилеп.

Ова е добра прилика за претставување на новиот претседател на клубот “Јане Сандански“, Кочо Чака и стрелците, пред останатите клубови и стрелачките работници од Македонија, а секако сите не радува дека овој битолски стрелачки клуб со многу традиција и победници ќе продолжи со работа и како и досега од него ќе излегуваат победници во стрелаштво со воздушна и војничка пушка.

More from СпортMore posts in Спорт »