Press "Enter" to skip to content

Научна конференција “Заштита на неборците, од Македонскиот фронт од Првата светска војна до денес“ (фото)

Денес во рамките на одбележување на 100 години од крајот на Македонскиот фронт во хотелот “Епинал“ започна меѓународна научна конференција на тема“ Заштита ​на оние кои не беа борци ​почнувајќи ​од Македонскиот фронт во Првата светска војна до денес“.

Конференцијата за отворена ја прогласи амбасадорот на Франција во Република Македонија, Кристијан Тимоние, а свое обраќање пред присутните имаа државниот секретар во Француското министерство за одбрана Женевјев Дарјесек, како и Ан Лор Марто, претседателот на Меѓународната европска комисија при Советот на Регионот Нормандија, со кој Битола има воспоставено долгорочна соработка.

Сознанијата за реалноста околу заштитата на неборците на Македонскиот фронт во текот на Првата светска војна се далеку поскромни отколку оние за Западниот фронт. Основна цел на оваа научна конференција е запознавање со условите на примарната заштита којашто им била давана на неборците за време на борбите на Македонскиот фронт во Првата светска војна.

Себастијен Ботро-Бонтер, координатор на проектот, го замисли истиот како плуридисциплинарен настан којшто на едно место ќе собере меѓународни експерти по историја, право, политички науки и тоа со една цел: соочување на сеќавањата со историјата, на минатото со сегашноста, а воедно и истакнување на стравичноста на војната

Потоа, на еден дијахрониски начин, конференцијата ќе поттикне на размислување за судбините на неборците во текот на изминативе сто години, а ќе отвори прашања поврзани со страдањата за време на борбите и по нивното завршување, обидите тие да се намалат, како и надежите за мир.

Прво се одржа презентација на г-дин Драги Ѓоргиев, Директор на Институт за национална историја, со Воведно излагање на г-дин Флорин Туркану, професор на Институтот за политички науки на Универзитетот во Букурешт на тема Воените жртви на Македонскиот фронт.

Модератор беше Мри Стојанова, Директорка на Завод и музеј Битола, која во уводниот дел ги поздрави сите учесници и им посака успешна работа. Стојанова рече и дека и е посебно драго што таа е избрана за модератор на оваа меѓународна научна конференција која се одржува во Битола.

„Активностите на Меѓународниот комитет на Црвениот крст за време на Македонскиот фронт“, ги образложи Даниел Палмиери, одговорен за историски истражувања во Меѓународниот комитет на ЦК во Женева, а за “Македонското цивилно население за време на борбите“, зборуваше Александар Стојчев, директор на Воено-историскиот музеј на Р.

За „Искористување на воените затвореници и цивилното население за изградба на француската рута во битолското подрачје. Археолошки извештај.“, зборуваше Ерик Алар, професор и археолог на Македонскиот фронт, битолско подрачје, Новаци.

На крајот по теми беше отворена дебата.