Press "Enter" to skip to content

Петмина битолчани пробале да постават знаме на јарболот на влезот во паркот, полицијата ги спречила

Синоќа околу 21 часот петмина битолчани се обидувале да го постават знамето на Република Македонија на јарболот на влезот во градскиот парк, пред спортската сала “Младост“ во Битола, но биле спречени од полицијата, откако некој ги пријавил.

Граѓаните сакале да го вратат знамето кое подолго време било тргнато од јарболот, а кога стасале полициските службеници на јарболот веќе бил качен нивен колега полицаец во цивил и не бил на работа и уште четворица други битолчани.

Сите веднаш биле приведени во СВР-Битола и по обавениот разговор ослободени, а констатирано е дека нема елементи на кривично дело.