Press "Enter" to skip to content

Матурски концерт на Ангела Димковска на флејта (фото)

Синоќа во малата сала на Заводот и музеј во Битола се одржа матурскиот концерт на Ангела Димковска, на флејта, која оваа година го заврши своето средно образование во класата на професорот Александар Стефановски во Државното средно музичко училиште.

Младата флејтистка Димковска пред публиката, која беше го голем број, се претстави со изведба на дела од В.А. Моцарт – концерт за флејта и оркестар, К. Рајкене – соната “Ундине“ за флејта и пијано и од Ф. Борне – брилијантна фантазија на теми од “Кармен“ од операта на Жорж Бизе.

По завршувањето на концертот професорот Александар Стефановски рече дека се она што Ангела го учела за време на средното образование, а научила многу, успешно го презентира пред публиката и и посака успех во натамошното школување во иднина и успеси во кариерата.

Димковска по концертот им се заблагодари на сите, посебно на професорот, а ним им останува да чекаат нареден концерт, но не како матурски, туку на студент.

Гостин на Димковска и беше Анастасија Гичевска, а уметнички соработник за концертот беше Верица Дивитарова.

More from КултураMore posts in Култура »