Press "Enter" to skip to content

Ин мемориам: Почина прим. д-р Димитар Котевски

Денес во 92 година почина прим. д-р Димитар Котевски, еден од највидните и најугледни граѓани, афирмиран научник, познат и признат општествено политички деец, кој поседуваше високи идеали, добродетелство и морални квалитети со кои се запиша во историјата на својот град и кој со својата долгогодишна и упорна ангажираност ги постави темелите на идното здравство во Битола кое го реформира.

Примариус д-р Димитар Котевски е роден 26 октомври 1926 година во Битола. Медицински факултет завршил во Белград, а специјализација во Загреб. Докторската дисертација ја бранеше во Загреб на загребачкото свеучилиште.

Со неговата должност, прв директор на обединетото здравство – Медицински центар, гледаше во иднината и реазлизацијата на планираното и несебично се вградуваше во остварениот напредок. Формирање на очното одделение, едукацијатата на лекарскиот кадар, како повеќегодишен директор во изградба и опремување на новата болница, формирањето на нови специјалистички одделенија во медицинскиот центар “Д-р Трифун Пановски“, ја постави основата за идната клиничка болница.

Тој е прв доктор по медицински науки во Битола, еден од малкумината научни ентузијасти и како научник еден од најзаслужните кои во 1960 година го формираа ДНУ-МНД – Битола и негов повеќегодишен прретседател. За неговиот придонес избран е за доживотен претседател на Македонскоот научно друштво.

Несомнено, големи се неговите заслуги за формирање на Универзиттеот “Св. Климен Охридски“ – Битола, а посебно е неговото залагање да се формира Висока медицинска школа, каде Котевски е основач, организатор и претседател на матичната комисија за формирање на оваа престижна Универзитетска установа. Ваква Установа во тоа време намаше на пошироките балкански простори., од Белград до Битола.

Автор е на голем број научни трудови од областа на здравството (офталмологијата) кои беа презентирани на европски и светски конгреси. Заради заслугите на полето на офталмологијата и придонесот во развојот, офталмонолошките здруженија, го прогласија за почесен член. Исто така у од страна на Сојузот на слепи лица на Македонија, за придонесот во борбата против слепилото, е прогласен за почесен член.

Неговото дело со крупни бикви е запишано во летиписот на научно-културната и здравствена истоија на Битола.

Погребот ќе биде утре недела, 3 јини, во 13:00 на Св. Неделските гробишта во Битола. Останките ќе бидат изложени од 9:00 во црквата “Свети Димитрија“.

More from ВестиMore posts in Вести »