Press "Enter" to skip to content

Локалитетот Хераклеја Линкестис – културно наследство од особено значење за Македонија

По прогласувањето во 1950 година за споменик на културата, сега во 2018 година, по предлог на Управата за заштита на кулктурното богатство, споменичката целина, “Археолошки локалитет Хераклеа Линкестис”, Владата на Република Македонија на последната седница донесе предлог-одлуката за прогласување на за културно наследство од особено значење, поткатегорија големо значење.

Ова за локалитетот Храклеја ќе значи:

-трајно зачувување на Споменичката целина во изворна состојба,

-создавање на поволни услови за опстанок на Споменичката целина и задржување на интегритетот на сите податоци што тој ги носи со себе како сведоштво.

-ширење на сознанијата за вредностите и значењето на Споменичката целина и за неговата улога во културната идентификација.

-оспособување на Споменичката целина според неговата намена и значење, заради задоволување на културните, научните, едукативните, естетските, верските, економските, туристичките и другите потреби на граѓаните и општеството,

-спречување дејствија, појави и влијанија со кои се врши или може да настане оштетување или деградирање.

Инаку Хераклеја Линкестис е градска населба од старомакедонско време до средниот век. Основана е кон средината на IV век пред н.е. од страна на кралот Филип II Македонски, како важен стратегиски пункт. Се наоѓа на јужната периферија на градот Битола, во подножјето на планината Баба.

More from КултураMore posts in Култура »

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *