Press "Enter" to skip to content

Изложбата “Поречаните“ – Македонското Порече 1932 – 1933 година (фотогалерија)

Амбасадорот на Република Полска во Република Македонија, Н.Е. Јацек Мултановски синоќа во салата за изложби, односно малата сала, НУ Завод и музеј – Битола во присуство на заменик градоначалничката Емилија Костурски и други гости, ја отвори изложбата насловена “Поречаните“ – Македонското Порече 1932 – 1933 година, посветена на работата на еден од најголемите полски етнолози и антрополози, Јожеф Обрембски.

Изложбата содржи материјали и теми на кои работел Обрембски за време на неговиот престој во Порече и прикажува неколку значајни аспекти од секојдневниот традиционален живот на населението во дадениот предел, а на отворањето амбасадорот Мултановски рече:

-Полскиот етнограф Јозеф Обрембски е еден од најзначајните полски етнолози, а дел од неговата работа е фотографира и во Порече, каде престојувал неколку години каде ја проучувал македонската заедница. По воспоставување на одличните релации со жителите на Поречието имал понуда да остане и својот живот да го продолжи таму, но тој се вратил во Полска, но ќе остане дека човечкиот пристап на Обрембски во поречката заедница сосема оправдано му обезбеди трајно место во македонската, полската и воопшто светската етнологија и антропологија.

Интересно е дека негативите на фотографиите кои тој ги направил во 1932-33 година во Полска ги преживеале сите бомдардирања и останале зачувани за ние да можеме денес да ги гледаме и да потсетуваме на времето во Поречието пред 150 години.

За изложбата зборуваше и директорката на НУ Завод и Музеј Битола, Мери Стојановска која рече:

-Оваа изложба ни дава изобилство на емпириски материјали, фотодокументација и скици кои се само нему, туку и на подоцнежните македонски етнолози, им послужиле како основа за надградба и анализа на различните аспекти од функционирањето на традиционалните поречки и воопшто, македонски заедници. Материјалите од Порече ни овозможуваат да гои согледаме сите аспекти на живеење на традиционалната заедница, не само метријалната, туку и повеќе, скриената духовна форма. Внатресемејните односи, селските заедници јасно ја дефинираат поставеноста на секоја единка, но и колективитетот и нивните јасно дефинирани функционални обврски и обележја.

Обредната пракса и особено нејзините магиски апекти, делумно ни даваат податоци и за митскиот светоглед на Поречаните кој изобилува со особености, својствени за традиционалните затворени семејни и селски заедници, кои иако во триесетите години на 20. век биле се уште цврсти денес се веќе во одмината фаза на трансформација и изумирање.

Јожеф Обрембски кој ги направил фотографиите во тоа време бил стипендист на фондацијата Роквелер.

С.Р.

More from КултураMore posts in Култура »

One Comment

  1. Џејн Доу Џејн Доу јуни 11, 2018

    Од 1932 до 2018 = 150 години? Браво бе новинарштино, ви нема рамни.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *