Press "Enter" to skip to content

Роднокрајна средба на битолските писатели во библиотеката (фото)

Денес во салата за промоции на НУ универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ се одржа традиционалната роднокрајна средба на битолските писатели.

Средбата на отвори и им посака добредојде на битолските писатели директорката на библиотеката која на сите им посака уште многу објавени книги со секаква содржина, но и посветени на Битола, односно на нивниот роден крај.

Модератор на средбата беше Николче Велјанов, а на роднокрајната средба беа присутни и студенти од Педагошкиот факултет од Битола, кои имаа прилика да се дружат во битолските писатели и секако да им поставуваат прашања.

По повод оваа роднокрајна средба во холот на библиотеката имаше поставено и изложба на која беа поставени голем број дела на битолските автори, Радован П. Цветковски, Ѓорѓи Прчков, Мирјана Стојановска и други.

More from КултураMore posts in Култура »