Press "Enter" to skip to content

Ново и само во винарска визба “Лозар“ – катче за дегустација со повеќе од сто видови вина од четири винарии (фотогалерија)

Гостите кои уживаат во храната во ресторанот Винарска визба и гостите кои се сместени во хотелот имаат ретка прилика која им ја нуди овој комплекс да го посетат посебно уредено винарско катче во кое можат да дегустираат повеќе од сто видови на вина.

-Се одлучивме еден дел од комплексот да го уредиме во посебно винарско карче каде нашите гости без разлика каде се, во ресторанот или во хотелот да извршат дегустација на вино од најпознатите македонски производители на вино. Секако, прво е винарското катче каде се изложени триесетина видови на нашата винарска визба “Лозар“, а тука се и вината на “Тиквеш“, “Бовин“ и “Стоби“, велат од винарија “Лозар“.

Винарското катче е посебно уредено, но се е во стилот на целиот комплекс на винаријата “Лозар“, во знак на топлината која ја дава дизајнот од дрво, по кој е препознатлив ресторанот, рецепцијата на хотелот, а сега и винарското катче.

-Покрај тоа што сите производители имаа свој дел каде се изложени вината и каде можат на самото место гостите да ги дегустираат, има и заеднички дел каде “дегустаторите“ можат да се дружат и да уживаат во виното и во храната од ресторанот, која таму може да им биде послужена. Ова е дел од винаријата и каде можат да се организираат и мали забави, промоции на сите винарии, промоции на храна која ќе биде надополнета со убавите вина од винариите, седенки, промоции на книги, видео-спотови… велат од од винарската визба “Лозар“ и потенцираат:

-Ова е винарско катче е во нашата понуда за компаниите, кои сакаат “тим-билдингот“ да го направат на посебно место и на начин кој вработените долго ќе го паметат, бидејќи винарското катче на сите винарии од државата е единствено од ваков вид во Битола и пошироко.

Винарското катче е отворено за гости во текот на целиот ден, а сите битолчани и останатите можат во секое време да го посетат, да се уверат во големиот асортиман на вина од Македонија, а љубезниот персонал ќе ги води во сите катчиња на винариите и секако ќе им направат резервации за своите роднини, пријатели, работни тимови, деловни партнери…, а за дегустација на вината на винарската визба “Лозар“, персоналот на посетителите им нуди и посебни аражмани од нивните вина по специјални цени.

Ж.Ристевска

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.