Press "Enter" to skip to content

Николче Симоновски- Јошка: се враќам од Австралија, ќе промовирам нова песна во Битола и ќе снимам за “Гранд продукција“ (фотогалерија)

Уште со самото спомнување на името на нашиот битолчанец Јошка веднаш ни доаѓаат асоцијации за добра забава, атмосфера и журка до зори. Пејач со многу добар глас и енергија која крева на нозе. Прав пејач за расположување. Иако повеќе од половина година живее и работи во Перт, Австралија, најавува нови проекти, а тоа беше повод за нашиот разговор кој телефонски го направивме со Јошката, во кој го запрашавме како си поминува на петтиот континент, како ја доградува музичката кариера, кои се плановите… Но, во подолгиот разговор опфативме многу теми, но еве што ни одговори конкретно за Австралија и музиката Јошката.

Некое време сте во Австралија кажете ни повеќе за вашиот живот таму?

-Во Австралија заминав веднаш после Нова година. Моментално живеам во Перт со мојата вереница. Еве веќе неколку месеци настапувам тука по клубови, ресторани и кафани. Значи цел овој период можам да ви кажам дека го живеам турбо. Тука спаѓа шетање и запознавање на нови места и се разбира и луѓе. Можам да кажам дека сретнав и се запознав со прекрасни луѓе кои ме прифатија како да сум таму многу години. Исто така и со моето пеење по разни места како што реков клубови и ресторани низ повеќе градови во Австралија како Перт, Сиднеј, Вулунгог. Насекаде сум дочекан со воодушевување, бидејќи луѓето тука се желни за добра музика како македонска, стара изворна, но и современа турбо фолк од цел Балкан. Исто така пеам и со пејачи од екс ЈУ простори со кои започнав и да соработувам.

Кажи ни како се случи твојата нова песна и соработката со Гранд продукција?

-Како што кажав низ моите свирки запознав луѓе на кои им се допаѓа моето пеење, добивам многу позитивни критики не само од битолчани, туку и пошироко, а тука во Австралија и од поголем круг на луѓе. Затоа решив да снимам сингл песна за “Гранд продукција“. Но, прво да ви кажам за промоцијата на новата песна која за брзо време ќе ја промовирам во Битола. Песната е во модерна, турбо фолк, нешто слично како хитовите на Аца Лукас кој многу го почитувам и мислам дека по енергија многу сме слични. Името на песната е “Ало волим те“ за која текстот го напиша Огнен Неделковски од чие перо се произлезени многу хитови. Потоа аранжманот и музиката е на Алекс Петковски и Никола Кочанковски. Песната ќе биде промовирана за десетина –петнаесет дена, а и во тој период јас ќе дојдам во Македонија и планирам да останам до септември, a на промоцијата планирам мал спектакл со многу познати пејачи од Македонија, но и пошироко. Што се однесува пак до снимањето за „Гранд Продукција“ сега само ќе кажам дека е догорорена соработката и дека ќе го имам најдобриот автор од таму, а за другото ќе кажам за брзо време, а каде и каква ќе биде промоцијата и дали ќе се снима и спот ќе ви кажам кога за брзо ќе се видиме во Битола, а не по телефон.

Секако дека ќе известуваме за новите песни на нашиот Јошка кој уште ни кажа дека Австралија е многу убава земја со преубави места. Но, за тоа како си поминува нема да објаснуваме, а можете да видите од фотографиите што ни ги прати. Кога ќе се врати ќе имаме повод и за други разговори со него.

Ж.Ристевска

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.